14:48 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) Не е човечко суштество, но работи и оди како човек: Илон Маск го претстави хуманоидниот робот Оптимус

Излегол на сцената и ја поздравил публиката. Направил неколку чекори и се истегнал. Потоа на големиот екран покажале видео како носи кутија, наводнува цвеќиња и крева метални шипки во фабриката на Тесла.

– Нашата цел е да направиме корисни хуманоидни роботи во најкус можен рок – изјави мултимилијардерот Илон Маск, сопственик на Тесла, претставувајќи го прототипот на хуманоидниот робот Оптимус на „денот на вештачката интелигенција“ во просториите на компанијата во Пало Алто, Калифорнија. Тој додаде дека има уште многу работа пред нив бидејќи Оптимус, кој го добил името по лик од серијалот „Трансформери“, треба да се надоградува.

– Тој може многу повеќе од она што го покажавме овде. Но, навистина не сакавме луѓето да се „онесвестат“ од изненадување – рече тој.

Маск најави дека Оптимус ќе биде достапен за купување во рок од три до пет години. Неговата рака ќе се состои од четири прсти и палец со систем што ќе го приближи до подвижноста на човечката рака што е можно повеќе. „Мозокот“ на сите претходни слични роботи беше со недостатоци, рече Маск, кој смета дека ова е најголемиот предизвик во развојот на вештачката интелигенција.

– Засега ваквите роботи немаат способност да управуваат со себе и се многу скапи. Меѓутоа, Оптимус го дизајнираме како исклучително способен робот, кој ќе чини помалку од еден автомобил – рече Маск, пренесе London Evening Standard.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....