16.8 C
Скопје
10:30 - 3 мај, 2024

(Видео) Најбизарните моменти на Оскарите: Никол Кидман пијана, тешко оние кои седеа зад Темс, Басет лута на Џејми Ли Кертис…

Овогодинешното доделување на Оскарите не може да се пофали со некои големи скандали. Сепак, секој настан на доделување на награди има свои најдобри и најчудни моменти, а оваа година гледачите забележаа бројни необични детали, гестови и однесувања на холивудските ѕвезди кои ги преплавија социјалните мрежи.

Интервју на Ешли Греам и Хју Грант

Хју Грант збесна многу гледачи на Оскар по неговиот разговор со плус сајз моделот Ешли Греам.  Греам го интервјуираше актерот кој беше видно нерасположен на „црвениот“ тепих пред самото доделување на наградите, а не се ни обиде да сокрие колку не му се допаѓа овој разговор.

Дали навивате за некого вечерва? Го праша Ешли.

– За никој конкретно – незаинтересирано одговори тој.

– Што носите?

– Мојот костум – одговори неразговорливиот глумец.

Чудно прашање за Остин Батлер

Лаверн Кокс го праша Остин Батлер за приказната која стои зад неговата облека за Оскарите.

– Не знам каква приказна би раскажал, само ми се допадна овој костум – ѝ одговори актерот кој го глумеше Елвис Присли во филмот Елвис.

Многумина на социјалните мрежи напишаа дека водителката постојано го поставува истото прашање на сите и дека тоа ги нервира.

Реакцијата на Басет откако Џејми Ли Кертис го доби Оскарот

Реакцијата на актерката Анџела Басет откако нејзината колешка Џејми Ли Кертис го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога на овогодинешното доделување на наградите во Лос Анџелес се прошири низ социјалните мрежи.

Во таа категорија беше номинирана и Анџела.

Откако Џејми беше прогласена за победник во категоријата за најдобра споредна женска улога, публиката почна гласно да аплаудира.

Сите освен Анџела и нејзиниот сопруг. Анџела не стана ни кога Џејми излезе на сцената, а нејзината постапка налути многумина.

Никол Кидман пристигнала пијана?

Никол Кидман ги загрижи обожавателите со своето однесување на црвениот тепих. Актерката за време на интервјуто за „ABC“ делуваше премногу весело и постојано се смееше, поради што многу корисници на социјалните мрежи напишаа дека е пијана.

На доделувањето на Оскарите имаше и магаре

На сцената на „Долби театарот“ каде синоќа беа доделени Оскарите, во еден момент се појави и магаре. Магаре по име Џени му се придружи на водителот Џими Кимел.

– Не само што Џени е актерка, таа е и сертифицирано магаре за емоционална поддршка – се пошегува водителот додека актерот Колин Фарел од публиката му праќаше бакнежи на животното.

Магаренцето беше дел од филмот „The Banshees of Inisherin” каде Колин ја играше главната улога поради која и беше номиниран за Оскар.

Темс ѝ го блокираше погледот на публиката

Темс стана вирална сензација на овогодинешното доделување на златни статуетки поради нејзината интересна облека.

Пејачката облекла бел фустан со голем детал, па луѓето што седеле зад неа на Оскарите не можеле да видат што се случува на сцената.

Џими Кимел се пошегува на сметка на Вил Смит

На минатогодишното доделување на Оскарите, актерот Вил Смит се качи на сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, кој направи невкусна шега на сметка на неговата сопруга, актерката Џејд Пинкет Смит. За ова се зборуваше и во неделата на овогодинешното доделување на Оскарите.

– Ако некој од вас се налути на шегата и одлучи да се заигра, нема да биде лесно – вети водителот Џими.

Кимел се пошегува дека хипотетичкиот сторител ќе мора да помине покрај еден куп суперхерои, вклучувајќи ги Мандалоријанецот (Педро Паскал), Спајдермен (Ендрју Гарфилд) и „Fable…the Man“ (Стивен Спилберг).

– Вечерва нема да има глупости. Немаме време за беснеење.

Фотографот се сопна и падна, Лејди Гага притрча да му помогне

Лејди Гага воодушеви со својот гест на овогодинешното доделување на Оскарите. Додека поминуваше на тепихот со нијанса на шампањ, еден од насобраните фотографи се сопнал и паднал, а пејачката веднаш притрча да му помогне да стане.

Видеото ги преплави социјалните мрежи, каде многумина го пофалија нејзиниот потег.

 

Слични објави

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо
Се вчитува....