17:15 - 7 септември, 2026

(Видео) На пејачката на „Магазин“ ѝ се слоши на сред концерт: Една жена од публиката се качи на сцената и запеа место неа

Групата „Магазин“ викендов настапи во Марија Бистрица како дел од програмата Адвент. Настапот беше закажан за 21 декември, но беше одложен поради трагедијата што се случи во основното училиште во Пречко. Новата пејачка на групата, Лорена Буќан настапи болно и со висока температура.

На Лорена во еден момент ѝ се слоши и извесен период ја напушти сцената. Една песна ја испеа клавијатуристот на бендот, но потоа на сцената излезе млада жена од публиката и му понуди на бендот да пее наместо Лорена.

@hrvoje_debeljak Loreni je pozlilo (pjevala s temperaturom 38,5), a spas je bila učiteljica Helena iz publike koja se bavi pjevanjem #magazin #lorenabucan #helenagalovac #marijabistrica ♬ original sound – hrvoje_debeljak

Станува збор за Хелена Галовац, наставничка од Коњшчина и вокал на групата „Rusty Groove“. Таа отпеа неколку песни, а снимките се проширија на ТикТок.

Луѓето беа воодушевени од пеењето на Хелена. „Одлична е“, „Многу добра“, „Браво Хелена“, „Голема почит“, „Кралица“, се дел од коментарите.

Откако Хелена изведе неколку песни, Лорена се врати на сцената и го заврши концертот.

Слични објави

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо
Се вчитува....