03:00 - 28 ноември, 2026

(Видео) Кен приреди изненадување за роденденот на режисерката на филмот „Барби“

Рајан Гослинг смисли незаборавна прослава за режисерката на „Барби“, Грета Гервиг, за да го одбележи нејзиниот роденден додека филмот на „Ворнер брос“ продолжува да руши рекорди на киноблагајните.

Подарокот на актерот вклучуваше група Барбики и Кени кои ја развеселија режисерката на нејзиниот роденден.

На официјалниот Инстаграм-профил на филмот „Барби“ има видео на кое се гледа како Гервиг прекинува со вежбање пилатес откако танчери упаѓаат во просторијата и почнуваат да танцуваат на песна од филмот.

Режисерката на „Барби“ наполни 40 години минатиот петок и доживеа шок на часот по пилатес кога група танчери се појавија и почнаа да танцуваат на песната ‘I’m Just Ken’ – песна што ја пее Гослинг како Кен во филмот.

На видеото се гледа како Грета се кикоти и го стега лицето со рацете кога група Барби-танчерки почнуваат да танцуваат на песната Dance the Night на Дуа Липа, прикажана во филмот.

Клипот беше објавен на официјалната Инстаграм-страница на „Барби“ со објаснување: „Како што знаат сите Кени… Понекогаш единствениот начин да ги изразите вашите чувства е преку песна и танц!“

„Кен Рајан ги испрати овие специјални Барбики и Кени за да може роденденот на Грета да започне со сите чувства!“

На крајот од видеото, танчерите извикуваат „Среќен роденден Грета“, а режисерката вели: „Ова беше толку убаво!“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....