8.8 C
Скопје
18:08 - 27 октомври, 2026

(Видео) Карлеуша со брутална бомба го урна Јутјуб: „Кога ќе се погледнам си велам себеси машала“

Јелена Карлеуша вчера, 13 август, на сите стриминг платформи го објави новиот албум „Алфа“, токму како што вети, во осум часот навечер.

Многумина со возбуда го чекаа тој момент, а откако спотот за песната „Karly bitch“ ја здогледа светлината на денот, следуваше лавина позитивни коментари.

Комплетната листа на песни од албумот беше исто така објеваена и секако многу интересна за публиката на Јелена.

Сега, познато е дека пејачката снимила дует со преубавата колешка Милица Павловиќ, која неодамна го објави нејзиниот албум „Лав“.

Заедно ја снимиле песната со име „Машала“ и во која пејат:

– Уф кога ќе се погледнам си велам на себе машала, Алфа и Омега…

– Отсекогаш сум се трудела да бидам на вистинската страна. Оспорувана, фалена сеедно. Во вашиот живот ме доведоа емоциите, страста и имагинацијата. За некои нормална, за други фрик, но во се секогаш Алфа – се вели на почетокот на песната.

Во еден момент во спотот се појавува и ликот на Кање Вест во форма на украс за ретровизорот на автомобилот со кој Карлеуша управува.

Во секој случај кога ќе се спојат два огна какви што се Јелена и Милица може да се очекува дека ќе настане „лом“ на социјалните мрежи, што и навистина се случува.

Слични објави

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.
Се вчитува....