29.8 C
Скопје
13:27 - 8 септември, 2026

(Видео) Јавноста во шок: Се појави видео на кое Азис пее од затвор, историјата се повторува?

Видеоклип со натпис „Азис пее во затвор“ овие денови ја разбранува јавноста. Милионската публика на поп-фолк идолот од сите возрасти ја преплави ги преплави социјалните мрежи со коментари дека пејачот зад решетки.

Главниот лик на видеото Азис не даде никаква официјална изјава. Но според изворите на „Бугарија Денес“, вистината е сосема поинаква: пејачот никогаш не настапувал во затвор.

Потекло на видеото

Клипот кој повторно се појави сега всушност е старо видео од 2014 година, поврзано со една серија. Во една од епизодите Азис имал улога која се одвивала во затворска атмосфера. За потребите на сцената, пејачот бил облечен во затворска униформа и снимал заедно со бугарски актер, исто така преправен како затвореник.

Дел од материјалот не бил вклучен во самата серија, но снимките подоцна се користеле за видеоклипови кои денес се шират како сензација.

Снимано на сет, а не во затвор

Новите тврдења дека Азис бил зад решетки наводно се целосно неточни. Видеото  било снимено во имот на пријател на пејачот, каде што бил изграден специјален сет што наликува на затворска ќелија. Иако температурите биле под нулата, Азис и неговите колеги издржале и дале енергична изведба, создавајќи впечаток на весела затворска дружина.

Интересна животна приказна

Иако Азис никогаш не пеел во вистински затвор, во неговата биографија има еден необичен момент: според јавни признанија на мајка му, Гергина, пејачот е роден во затворот во Сливен пред 47 години. Таа завршила зад решетки поради семејни околности и, како што изјавила во 2019 година за емисијата „Ничија земја“, токму таму го донела на свет синот кој подоцна ќе стане една од најголемите поп-фолк ѕвезди на Балканот.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova
Се вчитува....