23:10 - 9 ноември, 2026

(Видео) Хорор: Позната манекенка киднапирана со сопругот и 11-годишниот син

Бразилската манекенка со меѓународна кариера Лусијана Кертис, нејзиниот сопруг, фотографот Енрике Жендре и нивното 11-годишно дете се киднапирани и држени како заложници 12 часа во Бразил.

„Вооружени криминалци ја чекале манекенката со сопругот и детето да го напуштат ресторанот, а потоа ги киднапирале“, се наведува во соопштението на бразилската полиција, а пренесува „Њујорк пост“.

Киднапирањето се случило по вечерата во луксузен кварт во Сао Паоло.

„Тројцата киднапери им држеле пиштоли на главите на Лусијана и Енрике, ги внеле во нејзиниот автомобил и ги натерале да возат до колиб ана периферијата на градот, каде што ги држеле цела ноќ. Тие биле ослободени следното утро откако ги испразниле нивните банкарски сметки“, се наведува во полициското соопштение.

 


Полицијата ја повикало постарото дете на Лусијана кое не отишло на вечера со семејството.

„Лусијана и нејзиното семејство сега се безбедни и се добро“, изјавил нејзиниот ПР за локалните медиуми.

Лусијана Кертис (47), која е родена во Сао Паоло, е ќерка на британскиот бизнисмен Малколм Лео Кертис. Таа го освои бразилското финале на Супермодел на светот во 1993 година, ги красеше насловните страници на модните списанија како „Мери Клер“ и „Космополитен“, соработуваше со познати личности како Бијонсе додека беше модел за „Викторијас сикрет“ и „Х и М“.

Лусијана во текот на кариерата заработила многу пари и поседува куќи во Њујорк, Лондон и Бразил.

 

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....