4.8 C
Скопје
12:10 - 21 декември, 2024

(ВИДЕО+ФОТО) ВО ЉУБОЈНО НА ГАСТРО ПРОСВЕТИТЕЛСТВО: Баба Трајанка ни покажа како се прави сукан зелник!

Во романтично и грижливо уредениот двор на Трајанка и Митре, под подножје од лијани од дрвја со киви, ви пренесуваме како да си направите зелник по рецептот на нашите мајки и баби…

Зад седум планини, ливади и долини се наоѓа селото Љубојно. Се наоѓа во областа на Ресен, Долна Преспа, и во него сведочат руините на првото училиште на мајчин јазик „Димитар Влахов“, па верно на својата традиција за образование и просветителство, госпоѓата Трајанка Николовска(77) се понуди да нè научи како се прави зелник од НУЛА, што се вели по „старски“, а на што се мисли: со многу љубов и внимание.

фото: Марија Гегоска

Првите инструкции што ги дава г-ѓа Трајанка се дека мора да се намрси тепсијата(бр.40) убаво, па споделува кои состојки ги користи за приготвување на зелникот.

Потребни состојки:

– 1 кг брашно
– 1 пресен квасец
– 1 лажиче сол
– 1 лажиче шеќер
– малку зејтин
– за филот: пиперка, праз, домат, урда

На списокот со состојки додава дека е потребно квасецот да биде „потфатен“ пред да се почне со работа и ни вели: „тука сè ставаме од око, било да правиме зелник, било за млечник, што и да е“. Па, почнува да ни го објаснува и покажува методот.

фото: Марија Гегоска

Метод:

Во брашното ќе ставите масло, квасец, вода и почнувате да го месите тестото. Додека да стаса,  се прави филот. „Зајре“ го велиме по селски, по наше, вели г-ѓа Трајанка.

Бидејќи имаат своја бавча со г-дин Митре, филот на зелникот е со пиперка, 3/4 страка праз по потреба, доматче и урда.

Додека вредно го меси тестото, Трајанка ни раскажува дека го направила првиот зелник кога имала 16, 17 години и до сега нема прекинато –  „Им нема број на направените зелници“, вели.

Таа зборува за традицијата на месење во нејзиното семејство и различниот пристап на ќерките и сподели со нас многу симпатична досетка. Имено, Трајанка им назначила на ќерките дека треба да научат како се прави зелник бидејќи ќе им бараат кај момчето, кај свекорот, а едната на тоа „треба“, ѝ одговорила „Ќе му купам бурек!“.

Стасаното тесто, Трајанка го дели на шест парчиња и секое од нив го оформува во топка, го натапкува малку со прстите да го израмни, го наросува со брашно и ја почнува постапката за сукање. Кога парчето тесто ќе биде иссукано во круг со средна големина, тестото се „одмара“ за да не скине и се продолжува со другите кори. Кога ќе се исучат корите, со помош на сукалото се става подлогата во тавата, па се наросува со масло, квасец и вода, се полни со филот и секоја наредна кора се наросува со маслото и се реди една врз друга.

Госпоѓа Трајанка советува дека меѓу корите може да се стави од филот или сирење, дури и ни вели дека сучените кори може да се испечат и да се користат такви. Кората што треба да биде горен слој се поставува на сукалото и елегантно се става во тепсијата. Се пече половина час во ќумбе на дрва.

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Слични објави

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо
Се вчитува....