5.8 C
Скопје
03:12 - 19 октомври, 2026

(Видео) Бизарна несреќа: Познатата хрватска пејачка во завои, ќерка ѝ ја прободела во око

Хрватската пејачка Лана Јурчевиќ доживеала несреќа која ја предизвикала нејзината деветмесечна ќерка Мајла Лили. Лана на своите следбеници на Инстаграм им опиша што точно се случило.

– Ме удри со дланката во окото во полумрак и повлече со нејзините нокти. Ништо, видов дека ѓаволот ја однел шегата и дека ова нема да биде толку безопасно. Како што можете да видите тука, имам оштетување на рожницата, а сите ми велеа дека не е ништо – опишала Лана во видеото и потоа додала дека окото ѝ е многу подобро по два дена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Jurcevic (@lalana)


„Кој се тепа, тој се сака – важи САМО во оваа верзија и во овој случај! Па, нека некој ми каже дека мојата малечка не е борец! Таа докажа дека е борец уште пред да дојде на овој свет! Дали некој од вас има некои повреди?“, прашала Лана во описот на објавата и додала: „Ако ова ви се случи, а е многу вообичаено од она што го слушам, не се шегувајте со тоа, ноктите на рацете и нозете на децата се многу „токсични“ особено во фазата кога почнуваат да ползат и сè живо да истражуваат“.

Нејзината објава предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници, кои во коментарите ги напишаа своите пораки за поддршка и охрабрување.

„Издржи драга, имав таков случај“, „Нашите најслатки борци“, „Мојата цимерка двапати доби далечински управувач во окото“, „Моето малечко со сета сила ме удираше во сон“, беа дел од коментарите.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....