17:07 - 7 ноември, 2026

(Видео) „10 кг плус, истрижена кратко и анксиозна“: Поранешната снаа на Кеба за разводот од Игор Којиќ

Младата српска пејачка Софија Дачиќ, поранешната сопруга на Игор Којиќ, се огласи преку својот профил на Тикток и откри дека по разводот се здебелила и се потстрижила сосема кратко. Поранешната сопруга на Игор Којиќ, кој по разводот има нова љубов, на духовит начин го коментирала својот живот по разводот.

Софија споделила видео во кое истакнала што вели дека „се здебелила“ по распадот на нејзиниот брак.

„Се здебелив 10 килограми, истрижена како маѓко и анксиозна. Ако размислуваш за разводот, ова е твојот знак“, напишала таа.

 

@_sofijakaosofija_ Just do it✨#fyp #sofijadacic ♬ kraljica – 🎧


Да потсетиме, Игор и Софија, која е 15 години помлада, се разведоа во август минатата година, само пет месеци по венчавката, а таа очигледно по разводот продолжила да живее со послободно темпо, за што се шпекулираше дека е главната пречка во нивниот однос.

Игор Којиќ, по краткиот и бурен брак со Софија Дачиќ, се впушти во нова емотивна приказна само неколку месеци по разводот. Првпат беше забележан во друштво на својата нова избраничка уште во октомври, кога се појави на концертот на својот татко, српскиот фолкер Драган Којиќ Кеба. Иако тогаш го привлекоа вниманието на публиката, Игор вешто ги избегнуваше прашањата за нејзиниот идентитет.

 

 

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....