17.8 C
Скопје
13:59 - 20 април, 2024

Велигденски приказни: ИН ЛИСТА на една ретро девојка – што да направите за да внесете радост во срцата, а весела атмосфера во домот

Вистинско време е да почнеме да ги планираме велигденските празници. Вашата ретро девојка ви предлага што да направите за да внесете радост и љубов во срцата, а весела атмосфера во домот. 

Печено јагнешко

Во текот на Велигденските празнувања, трпезата отсекогаш имала централно место. Така било во времето на нашите баби, мајки, така е и денес. Посебно ако претходно сте биле на пост. Трпезата е таа која го собира семејството и на која се кажуваат желбите за здравје, живот и благосостојба.Трпезата за Велигден е местото на најубави спомени од детството, посебно ако вашата баба и мајка биле домаќинки на место па знаеле да ја украсат со превкусни јадења зачинети со многу љубов.

Вистинско време е да почнете да планирате што ќе се најде на вашата трепаза за најголемиот христијански празник. Вашата ретро девојка ви предлага јагнешко печење во комбинација со млади компири и свежа салата со млад кромид. За десерт јас би подготвила куглов, полиен со многу чоколадо.

фото – Наташа Мустафа
фото – Наташа Мустафа

Велигденски јајца во црвена боја

Симболот на Велигден се токму црвените јајца кои секоја домаќинка ги подготвува на Величетврток пред изгрејсонце. Велигденските јајца се симбол на животот и раѓањето и се радост за децата и за секој оној што во празничните денови ќе го посети вашиот дом.

И оваа година, мојот избор се јајца вапсани во црвена боја, украсени со малку рачно изработена чипка, стара повеќе од 50 години. Јајцата ми се најубави кога се ставени во израсната пченица во ептен свежа зелена боја.

фото – Наташа Мустафа

Украсување на домот

Откако темелно го исчистивте домот, време е за малку разубавување во стилот на празникот. Внесете радост во вашиот дом украсувајќи го со неколку ситни детали кои ќе внесат свежина и радост.  За мене најубавиот украс за секој празник е цвеќето. Сега е време на лалиња, нарциси и зумбули….моите омилени цвеќиња. Наполнете ги вазите што си ги имате дома и ставете ги на масите, наткасните, прозорецот, комодата, па дури и во бањата.

Сакам цвеќе на неочекувани места. Цвеќето е задолжително и доволно за да внесе радост и свежина во домот, но вие може да си поиграте и со венец на вратата, украсни јајца обесени на гранки и многу, многу други идеи кои зависат само од вашата креативност и посветеност.

Семејството да е заедно

Најважно од сè е да се собере семејството. Заради љубовта кон најблиските има смисла и чистењето на домот, и готвењето и украсувањето. Сето тоа се прави за на оние кои ги сакаш да им ја направиш куќата дом и да внесеш топлина која секого ќе го тера со љубов да се враќа дома.

Секој ден брзаме некаде  и немаме време за оние за кои  живееме, оние кои најсилно ги сакаме и оние кои се всушност смислата на нашето живеење. На овој ден, мора да го исправиме тоа, да се собереме на заедничка трпеза, да си честитаме, да си прославиме, да си простиме….Да се љубиме, зашто нема ништо посвето од љубовта, сè е минливо, само љубовта е вечна.

Мисли на другиот

…секој ден, но на овој ден особено. Има толку многу луѓе на кои им е потребна помош. Избери барем еден на кого можеш да му помогнеш и направи го тоа. Нема поголема радост од  давањето…

фото – Наташа Мустафа

 

 

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо
Се вчитува....