18:30 - 7 ноември, 2026

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Пејачот Димитар Андоновски вчера имаше два убави поводи за славење – го прослави својот 41. роденден и 11-годишнината од бракот со сопругата Христина. По тој повод, тој сподели емотивна порака посветена на семејството, здравјето и животните вредности кои, како што вели, со годините сè повеќе ги цени.

„Денес славам два убави и за мене многу значајни настани. 41 година од мојот живот и 11 години брак со мојата Христина.

Му благодарам на Бога за сите убавини што ми ги дал низ годините, за моето семејство и најмногу за тоа што сме живи и здрави. Животот оди напред, секогаш со Божја промисла. Со годините сè повеќе сфаќам дека не ми треба многу… Само мир, здравје и моите најблиски да бидат покрај мене. Сè друго си доаѓа и си заминува.

Денес добив навистина многу пораки и повици. На некои сè уште не успеав на сите да вратам, но ќе го направам тоа.

Ви благодарам од срце на сите што ми го честитавте роденденот, што се сетивте на мене и што со вашите убави зборови ми го разубавивте денот.

Да сме живи, здрави и да се радуваме на уште многу убави моменти заедно!”, напиша Андоновски.

Роденденот на пејачот го одбележа и неговата сопруга Христина, која сподели семејна фотографија на која позираат заедно со нивните два сина, Михаил и Гаврил, и кратко му порача: „Среќен роденден”.

Димитар и Христина се во брак од 2015 година, а нивната љубовна приказна низ годините ја надградија со семејството. Тие се родители на Михаил и Гаврил, а помалиот син Гаврил се роди во јануари 2022 година.

Андоновски и претходно зборувал за важноста на семејството и за поддршката што ја добива од Христина, која по професија е професорка по историја. Во интервју за „Слободен печат” раскажа дека двајцата низ годините научиле заеднички да ги надминуваат предизвиците, а за синовите Михаил и Гаврил истакна дека неговата најголема желба е да израснат во добри, чесни, воспитани и, пред сè, среќни луѓе.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....