8.8 C
Скопје
12:22 - 1 април, 2026

Убавата скопјанка Ангела Јакимовска освои титула за „Miss Best Body“ на „Miss Europe“ во Бејрут! (ФОТО)

Вчеравечер во Бејрут, Либан, се одржа изборот за „Мис на Европа 2020“, на кое учество земаа и две девојки од Македонија.

Победи убавицата од Франција,  титулата Прва  придружничка ја освои Литванија, а пак Втора придружничка е девојката од Украина.

Нашата претставничка, Ангела Јакимовска од Скопје направи убав успех влегувајќи во Топ 10 убавици и плус освои и лента и круна за најубаво тело – Miss Best Body.

Фото: Приватна архива

– Таа на изборот настапи преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина – изјави Мики Црнокрак и додаде дека уште една девојка од Модното студио Црнокрак успеа да освои титула и тоа Трета придружничка, а тоа е деветнаесетгодишната црногорка Лара Стешевиќ, која ја претставуваше својата држава.

Фото: Приватна архива

Сите европски убавици престојуваа две недели во хотелот „Ривиера“ на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан.

Финалето се одржа во Casino Du Liban, за жал без публика, поради истите мерки кои и тука во Либан се превземаат како превенција од Корона вирусот.

Фото: Приватна архива

На овој избор беше и Мики Црнорак кој беше член од стручната жири-комисија.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....