8.8 C
Скопје
12:20 - 1 април, 2026

„Твитер ќе ја одбие понудата на ИЛОН МАСК“: Што потоа ќе преземе супербогаташот?

Според известувањето кое доаѓа од угледниот Wall Street Journal, се очекува Twitter да ја одбие понудата за купување од Илон Маск.

Во следните неколку дена Твитер се очекува да ја одбие понудата на милијардерот Илон Маск за купување на социјалната мрежа.

Весникот „Волстрит џурнал“ ја пренесуваа оваа вест, повикувајќи се на некои извори, според кои гигантот „Аполо Глобал Менаџмент“ размислува да учествува во понудата за Твитер. „Аполо“, според весникот „би можел да му ги обезбеди на Маск или на приватната компанија Тома Брави потребните средства за понудата“.

Да потсетиме, минатите денови Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на Твитер. Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“, понуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.

Одборот на Твитер, веднаш по понудата на Илон Маск, стави до знаење дека понудата е „необврзувачки предлог“ дека „не може да има гаранција дека ќе се постигне дефинитивен договор или дали операцијата ќе се изврши“.

Бордот на Твитер тогаш одговорија дека ќе ја разгледаат понудата на Маск и ќе одговорат во „најдобар интерес на сите акционери“.

ИЛОН МАСК доставил понуда да ги купи сите акции на „ТВИТЕР“

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....