14:15 - 1 април, 2026

Светски познат бенд објави проштална порака за своите обожаватели од Европа! (ФОТО)

По завршувањето со европската турнеја, светски позатиот хеви метал бенд „Мегадет“, кој е формиран во 1983 година, набргу по заминувањето на пејачот Дејв Мустејн од „Металика“, неодамна објави проштална порака до своите европски обожаватели, заблагодарувајќи им се на досегашната поддршка. 

Сакаме да им се заблагодариме на бендовите со кои свиревме, на нашата неверојатна екипа која ни помага да приредиме најдобра можна претстава на концертите. Благодраност до обезбедувањето и посебно до нашите „die hard“ обожаватели, кои патуваа далеку само за да не гледаат како свириме“, стои во соопштението на бендот.

„Одиме дома на краток одмор, ќе снимаме албум, а потоа ќе се подготвиме за летната турнеја. Набавете си влезници, не сакате да го пропуштите она што го испланиравме за вас!“, се додава во соопштението.

Првиот следен концерт „Мегадет“ ќе го одржи на 26-ти феверуари во „Даријен лејк перформинг артс“ центарот во Њујорк.

Бројни фанови се присетија на концертите на „Мегадет“ во своите градови во коментар на фотографијата која го објави бендот.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....