9.8 C
Скопје
12:22 - 31 март, 2026

СУПЕРМОДЕЛКАТА АДРИЈАНА ЛИМА НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Отечено лице – последица на бременоста или на филери за подмладување?

Супермоделката Адријана Лима, поранешен ангел на Викторија сикрет, по првпат го покажа трудничкото стомаче за време на Модната недела во Париз.

Убавицата се појави облечена во црн тесен фустан додека со партнерот Андреј Ламерсон присуствуваше на ревијата на луксузната модна марка Балман.

Освен со трудничкото стомаче Адријана вниманието го привлече и со речиси непрепознатливото лице.

Многумина сметаат дека нејзиното непрепознатливо отечено лице не се должи на бременоста, туку на бројните естетски интервенции, меѓу кои и популарните филери, кои се моментно најактуелни третмани за помдладување меѓу ѕвездите.

Да потсетиме, манекенката во своето прво видео објавено на ТикТок објасни дека го чека детето со нејзиниот партнер продуцент на почетокот на есента.

Адријана веќе има две ќерки, Валентина и Сиена, од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....