18.8 C
Скопје
16:41 - 11 март, 2026

Странскиот печат за поразот на Италија од МАКЕДОНИЈА: „ЧИЗМА во задник!“

Странскиот печат стави широк акцент на поразот на Италија од Македонија кој втор пат последователно ги исклучува „аѕурите“ од финалната фаза на Мундијалот.

Критиките се насочени кон страшниот пораз на Италија, а еве што се пишува.

L’Equipe има наслов на цела страница „Италија загубени во пустина“, со јасна референца за Катар кој ќе биде домаќин на Светското првенство. „Веќе отсутни од последното Светско првенство во Русија во 2018 година, доживуваат нов страшен неуспех“.

Британските таблоиди играат со зборови, како, на пример, „Сан“: „Get the boot“ со смисла дека добија клоца со чизма во задник, додека Дејли Мирор со популарното „Mamma mia“ го коментира излегувањето на тимот на Манчини.

„Ил Мундо Депортиво“ ја става Италија „на сред пат“: „Италија, а ла кале“ е насловот на весникот во кој се подвлекува како „осум месеци откако ја достигнаа славата, „аѕурите“ претрпуваат уште една фудбалска трагедија“. „Марка“ ја опишува Италија која „се враќа во хаос“ и се прашува дали Европското не било „фатаморгана“, или лош мамурлак по ЕП. „Неколку месеци откако славеше во голем стил на Вембли, Италија повторно го допре дното. Постевропската самодоверба проголта една генерација“, пишува шпанскиот спортски дневник.

„Катастрофа“е големиот наслов во весникот „Ел Паис“. Весникот „Ас“ пак со наслов „Сина трагедија“.

Во Германија „Билд“ пишува за сината „Квази-катастрофа“. Додека за „Кикер“ – „256 дена по забавата на Вембли продолжува италијанското проклетство за Светското првенство“, „Кошмар“.

За „Sueddeutsche Zeitung“ ова е за Италијанците „најниската точка досега“.  На „Фаз“ насловот е „Италијанската апокалипса е проследена со катастрофа“.

Конечно Јужна Америка со Аргентинецот Кларин насловена: „Изненадување во плеј-офот: Италија по втор пат останува надвор од Мундијалот“. Бразилецот О’Глобо кој додава: „Италија надвор од Купот“. Локалниот печат: „Катастрофа“, „Кошмар“.

Слични објави

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin
Се вчитува....