14:51 - 1 април, 2026

(Стар рецепт) Природен лек против мачнина при патување

Значаен број на луѓе чувствуваат мачнина на патувањето, особено кога се патува низ планински предели, свиоци, на подалечни патувања…

Како на природен начин да го отстраните нагонот за повраќање при патувањата? Овој стар рецепт делува подобро од современите апчиња.

Станува збор за чајна мешавина против мачнина и повраќање, еве како да ја подготвите.

Подготовка

Ѓумбир – 1 кафена лажичка суб ѓумбир или сантиметар свеж корен.

Цимет – половина кафена лажичка или уште подобро еден сантиметар неиситнета кора од цимет.

Нане – две кафени лажички.

Маточина – две кафени лажички.

Ѓумбирот прелијте го со литар ладна вода, оставете да се вари две три минути додека водата зоврие. Тргнете ја водата со ѓумбир од ринглата, додадете го циметот, нането и маточината. Убаво измешајте, поклопете го садот и оставете го поклопен да отстои половина час. Процедете го и пијте од чајот пред и во текот на патувањето.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....