22:02 - 14 септември, 2026

Сопругата на славниот Бали-бег е во тешка психичка состојба!

Згодниот турски актер на кој се сеќаваме по улогата на Бали-бег во серијата „Величествениот султан“, 35-годишниот Бурак Озџевит, поминува низ тежок период. Всушност, неговата сопруга Фахрие неодамна ја претрпи загубата на нејзиниот татко кој почина од карцином, а таа поради тоа падна во тешка депресија и никако не успева да се избори со тагата. Поради тоа, товарот за грижата на нивниот едногодишен син Каран во потполност падна на Бурак, откри извор близок на парот.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

„Бурак се обидува да ја наговори да посети психијатар, со оглед на тоа дека веќе подолго од две недли е како билка. Воопшто не јаде и ретко комуницира со своите најблиски. Бурак мислеше дека неговата сопруга после загубата на татко ѝ ќе најде утеха во малиот Каран, но таа скоро и да не поминува време со него. Бурак последните неколку дена е и татко и мајка на малото момче. Дури зема уште неколку слободни денови, па моментално го нема на снимањето на серијата „Осман“, во која е инаку главна улога. Тој се надева дека Фахрие наскоро ќе се согласи да посети психијатар, за да може да се врати во нормала“, раскажа изворот, пренесува сајтот азра.ба.

Инаку, Бурак и Фахрие го добија синот Каран во април минатата година, а пресреќниот татко веднаш отвори инстаграм-профил за својот наследник. Затоа заработи негативни критики од страна на јавноста.

Турските медиуми пишуваа дека Бурак бил покрај сопругата за време на породувањето, а брачниот пар стана еден од омилените славни парови во Турција, но и пошироко.

Иако на инстаграм-профилот на Каран и понатака нема ниту една фотографија, гордите родители на своите друштвени мрежи ја покажаа својата најголема среќа.

View this post on Instagram

Oğlum.????

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on

Слични објави

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.
Се вчитува....