05:54 - 22 февруари, 2025

Со Софија Јанева ве носиме во ПАРИЗ: Душата на градот ќе ја допрете со гастрономска тура

Пекарниците се вистинска душа на градот, вели блогерката Софија Јаневска. Париз е една од оние дестинации на кои таа повторно се навраќа. „Има многу причини зошто го сакам Париз. Градот ме обзема со својата магична привлечност“. 

фото – приватна архива

Зошто Париз?

– Париз е дестинација која одговара за различен вид туризам (историја, култура, гастрономија, мода, забава, авантура). Може да се релаксирате, купувате, истражувате, едуцирате и забавувате, сè е лесно достапно… Една од најубавите работи кои сакам да ги правам во Париз е шетање по малите улички и пиење кафе во преубавите кафулиња кои ги има буквално на секој агол. Мои омилени места се Cafe de Flore Le Deux Maggots, Cafe Marly. Причина зошто доаѓам во Париз е прекрасната архитектура, изгледот на зградите, обликот на крововите и прекрасните француски балкони кои даваат поттик на мојата имагинација.  А мостовите на Сена се фасцинантни, посебно навечер доколку испланирате ноќно крстарење со брод. Ова се дефинитивно некои од причините зошто го сакам Париз и постојано се враќам во овој прекрасен град.

Во што најмногу уживаше?

– Има многу ресторани и бистроа кои ги посетувам, а омилени ми се Pink Mama и Giraffe. Но, исто така може да се најде превкусна храна во малите кафулиња и места за „take away“. Тешко е накратко да се опише чувството да си во Париз на некој што сè уште не го посетил овој магичен град. Ова чувство кое е комбинација на среќа, мириси, вкусови, енергија, историја, култура и задоволства е причина број еден зошто го сакам Париз. Тука имам чувство дека можам да уживам во животот и убавите нешта, едноставно joie de vivre!

Кои се местата кои задолжително треба да се посетат во Париз?

– Париз е познат како „Град на светлината“ и „Град на љубовта“ и навистина е така. Од светлата на Ајфелова кула, излозите на луксузните продавници, огнометот во Дизниленд, па сè до заљубените парови покрај Сена и парковите, сето тоа е потвда за ваквата импресија за Париз. Градот за мене е најубав во пролет, кога е преплавен со расцветани јапонски цреши, јорговани и лалиња и секогаш ме обзема нереално чувство на среќа.Температурата е околу 15-20’С, насекаде се чувствува мирис на свежо пециво и цвеќиња, па  можам да го истражувам градот буквално цел ден без да се изморам од таа убавина. Мојот впечаток е дека јавниот превоз е одлично организиран и низ Париз можеш лесно да се движиш со метро или автобус, а помладите најчесто возат велосипеди и електрични тротинети кои се изнајмуваат на многу локации. Јас преферирам хотел, но и „Airbnb“ е супер опција.

Една од причините поради кои го сакам Париз се музеите. Louvre и Mузејот d’Orsay се светски познати по извонредните уметнички дела кои го одземаат здивот и потребни се денови за да се посетат сите поставки. Исто така Париз има прекрасни паркови и градини, каде може со часови да шетате низ најубавите цвеќиња и дрва. Моите омилени места се Jardin des Tuileries, Le Jardin du Luxemburg, каде може да си направите пикник со малку француско сирење и вино. Да, друга причина зошто го сакам Париз е дефинитивно храната и виното. Кроасаните и багетите ми се омилени, а со чаша добро вино мора да се пробаат и француските сирења.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Како и каде можеш да ја почувствуваш душата на еден народ?

– Вистинската душа на Париз ќе ја запознаете доколку направите гастрономска тура низ градот и барем делумно ги откриете француските кулинарски традиции. Парижаните се горди на своите кафе-ресторани, но мислам дека пекарниците се вистинската душа на градот.

Модата и убавината низ улиците на Париз?

– Париз е светски центар на модата и таму се диктираат најновите модни трендови за претстојната сезона. Париз е седиште на најголем број модни брендови и дизајнери како Louis Vuitton, Chanel, Dior, Hermès. Во Париз се одржува Париската модна недеа, каде се презентираат најновите модни трендови за претстојната сезона, а дел од светските модни дизајнери се лоцирани и креираат од Париз, како Vuitton, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Chanel, Dior, и др. Концептот на „Haute couture” е создаден во Париз.

Парижанките се љубители на модата, но не и робуваат на неа. Се облекуваат елегантно, но доста минималистички. Избегнуваат јаки бои и воопшто не се екстравагантни.

Модните ентузијасти може да прошетаат по неколку улици каде се лоцирани светски познати брендови кои се олицетворение на парискиот стил, пред се квартот Faubourg Saint-Honoré,  улиците помеѓу Louvre и Tulliers.

Задолжително посетете ја Галеријата Лафајет и уживајте во прекрасната атмосфера, балконите, покривот со поглед на целиот град (најдобро на залез на сонцето), и воедно во шопинг или разгледување на бескрајната понуда од луксузни брендови, квалитетни чанти, луксузни парчиња облека и парфеми.

РАЗГОВОР СО МАРИЈА ПИЈАНМАНОВ, НАШИНКА ВО ПАРИЗ: Мојот живот наликува на изложба во музеј, сопругот ми го подари Париз!

Слични објави

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо

Објавено видео од Милица Павловиќ по скандалот со Карлеуша! Таа ѝ зададе уште еден удар

Еспресо

Ѕвездата на серијата „Грдата Бети“ уапсен, давал отпор на полицијата

Еспресо
Се вчитува....