04:46 - 4 ноември, 2026

„Снежана конечно ги најде џуџињата“ – водителката Велков се пронајде во приказната за полскиот Вроцлав

Популарната водителка Снеже Велков е активна на социјалните мрежи со навистина креативна, забавна и корисна содржина. Велков често знае да нè насмее со нејзините објави.

Овојпат таа сподели кратко видео, влог од нејзиното последно патување. Водителката е во Полска, поточно нè поздрави од градот Вроцлав, познат и како „градот на џуџињата“. Одлично се поклопи со нејзиното име и водителката на објавата напиша:

„Снежана конечно ги најде џуџињата“.

Водителката шета низ градот и застанува покрај секое џуџе, при тоа ја раскажува приказната што се крие зад овие минијатурни статуи.

Приказната за џуџињата во Вроцлав (локално познати како krasnale) започнува како симбол на мирен, но духовит политички отпор против комунистичкиот режим во Полска во текот на 1980-тите. Иако денес изгледаат како симпатична и забавна туристичка атракција, тие всушност настанале како симбол на мирен и духовит отпор против комунистичкиот режим во 1980-тите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Во 1980-тите, Полска била под авторитарен режим кој брутално ги цензурирал и премачкувал со бела боја сите антирежимски графити и слогани на граѓаните. Уметникот Валдемар „Мајор“ Фидрих во Вроцлав ја основал анархистичката група Портокалова алтернатива (Pomarańczowa Alternatywa). Наместо нов политички слоган, тие решиле врз свежо премачканите бели дамки на ѕидовите да цртаат графити со насмеани џуџиња со портокалови капи и цвеќе во рацете.

Вроцлав е четвртиот по големина град во Полска и главен град на Долношлеското Војводство, сместен на бреговите на реката Одра во југозападниот дел на земјата. Познат е како „Северна Венеција“ поради повеќе од 100-те мостови што ги поврзуваат неговите речни острови, но и како „Град на џуџињата“ поради стотиците мали бронзени фигури скриени низ улиците. Вроцлав е жив универзитетски центар со над 130.000 студенти и богата историја под полско, чешко, австриско и германско влијание.

Можеби не е лошо да го ставите во листата на некое од вашите следни патувања и овој град.

 

 

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....