11:56 - 31 март, 2026

Славна руска новинарка поднесе оставка од руската телевизија, се соочува со 15 години затвор: ЈА НАПУШТАМ РАБОТАТА, НО НЕ И ЗЕМЈАТА

Марина Овсијаникова, антивоена руска новинарка, ја напушти работата, но не и земјата. Таа ја одбила понудата на Франција за Азил, и сега во Русија се соочува со 15 години затвор.

Нејзиниот гест е патриотски: Марина Овсијаникова, руската новинарка која протестираше во живо на руската државна телевизија против војната во Украина, објави дека ја напушта работата, но не и Русија.

Новинарката ја одбила понудата на Макрон за азил, и покрај ризикот од 15 години затвор.

Во интервју за Франс 24, руската новинарка Марина Овсијаникова ги покани Русите да демонстрираат, и покрај стравот, отворено критикувајќи ја цензурата што ги погоди медиумите во Русија.

– Добив парична казна како административна казна за видеото што го пуштив во оптек, во кое го објаснувам мојот гест, потврдила руската новинарка, додавајќи – Сè уште не сум санкционирана поради упад во вестите. Оваа санкција е целосно нереална. Ризикувам да завршам 15 години во затвор.

Новинарката потоа му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон кој ѝ понудил засолниште во Франција, велејќи дека таа е „патриот“ и дека сака „да остане во Русија“.

 

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....