11:39 - 12 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Конечно убава пролет, еве кога!

– Како што најавивме, од утре па во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени локални послаби врнежи од дожд. Особено во среда ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, минималните до четврток на некои места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата, додека максималните ќе бележат тенденција на постепен пораст и некаде кон крајот на оваа работна недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, што значи дека барем одсега гледано за време на продолжениот празничен викенд ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време, но со услови за повремена нестабилност – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со услови за повремен слаб дожд. Особено во среда и во четврток попладне и кон крајот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....