03:55 - 12 јули, 2026

Искрено со Марионка, највозрасната Македонка која скокна со падобран: Животот е еден и нема реприза, исполнете ги вашите соништа! 

Никогаш не е доцна да скокнете со падобран, тоа го докажа храбрата скопјанка Марионка Стефанова која за 70тиот роденден доби уникатен подарок, остварување на неисполнетата желба да скокне со падобран.

ѝ требале 26 години за да се реши да скокне, но повторно би скокнала со подобран, фото – приватна архива

– Идејата беше моја. Во разговор за роденденот на син ми му реков дека за подарок сакам тандем скок. ,, Сигурна си мајка?“ , сигурна – му одговорив. Така почнаа подготовките, помина некое време додека син ми кажа дека сум подготвена. Се израдував и едвај чекав да дојде тој момент. Она што го чувствував за време на скокот не може да се опише со зборови, туку може само да се доживее.

Госпоѓа Маре стана највозрасната жена од Македонија која направила ваков подвиг. Но и покрај годините не ѝ била потребна посебна подготовка.

– За тој скок подготовката беше само 10 минути. Ми објаснија што треба да се направи, ми прикачија опрема и толку беше. Во однос на физичката подготовка, можам да кажам дека бев подготвена однапред за скокот, постојано пешачам, сум во движење секојдневно за да имам кондиција. Отворив и на Јутјуб да погледнам неколку видеа за скокот, снимки, како се скока, затоа што ако во моментот кога се слегува ако не ги поткренеш нозете ќе го сопнеш тандем партнерот. Следам што се случува во подобранството со желба повторно да скокнам. И многу сакам. Воопшто не се плашев верувајте, желбата ме водеше, едноставно сакав да скокнам и да уживам – ни објаснува Марионка.

За тој скок подготовката беше само 10 минути. Ми објаснија што треба да се направи, ми прикачија опрема и толку беше, фото – приватна архива

Ни откри дека ѝ требале 26 години за да се реши да скокне, но и дека повторно би скокнала со подобран.

– По природа не сум плашлива, но долго време ми требаше за да го остварам својот сон. Јане Стефанов е мојот син на кој на 15/16 години му потпишав согласност за да почне да се занимава со падобранство. Може и преку него ми се реализираа соништата, но сепак посакав и јас да ги реализирам – додава храбрата жена.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Напливот на адреналин при скокање, како и огромно чувство на среќа за време на подготовката, го прават скокањето со подобран незаборавно искуство.

– Тоа е чувство неповторливо, отворен простор, ништо не ти пречи, уживаш, се чувствував како птица – објаснува Маре.

Скокот од авионот над облаците е сон на се повеќе луѓе кои сакаат да си дозволат нешто и да уживаат во животот.

– Секој човек во граници на своите можности треба да си ги оствари соништата. Треба и  можат. Тоа е сепак нешто поразлично од секојдневието. Со оглед на се она што се случува, треба човек да си даде момент на одмор на душата и срцето. Тој е животот еден е и нема реприза, мора да се искористи максимално.

За госпоѓа Маре ништо не било непознато, ниту пак ја изненадило нешто. Но затоа пак нејзиниот сопруг во одреден момент се исплашил.

– Сопругот се збунил затоа што долго време не немало. Кога ќе дојдевме на Спортскиот аеродром Стенковец да гледаме, од моментот кога ќе полетаа ги гледавме кога скокнуваа. А во мојот случај мораше да се искачиме на поголема висина за скокот. Прашал каде сме, а еден човек му одговорил дека сме некаде над Тетово. Значи им требам се уште, штом се грижат за мене.

Марионка Стефанова не застанува тука, веќе го планира и следниот скок. Вели дека животот е еден и единствен и нема реприза. А падобранството како изненадување за роденден е секогаш многу популарно. Тоа е авантура што нема да ја заборавите и навистина е нешто многу посебно!

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....