23:58 - 11 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ПРОЛЕТНИ ВЕСТИ: Забите на „Баба Марта“ ќе ги чувствуваме до…

– Денес времето ќе биде сончево и СТУДЕНО. Особено во западните предели ќе има појава на умерена локална облачност, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежо сончево со умерен ветер претежно од североисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски, до вторник времето ќе се задржи постудено а во вторник ќе има и нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Веќе од средината на неделата па натаму ќе имаме многу повеќе сонце а температурите ќе белат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и максималните температури на некои места ќе надминуваат 20 степени. Сево ова е најава дека од средината на неделата па натаму пролетта полека но сигурно ќе започне да се буди.

А инаку календарски таа ќе пристигне денес попладне во 16 часот и 33 минути.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....