18:17 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Земете си чадот!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните предели. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец, вели метео прогнозерот Славчо Поповски.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени. Потоа од утре па во следните неколку денови следува период на претежно стабилно, суво и значително потопло време со многу повеќе сончеви периоди.

Особено во петок ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....