16.8 C
Скопје
13:57 - 18 октомври, 2026

(РАЗГОВОР) ЗЕМЈАТА ПОСТОЈАНО НИ НУДИ МАТЕРИЈАЛ ЗА КОМЕДИЈА: Жарко Јовановиќ со „Ајде да зажмуримо” ќе ве насмее до солзи

Има 26 години, завршил на Факултетот за Драмски уметности, запловил во водите на хуморот и стендап настапите.  Можете да го видите во некоја од претставите во театар „Куманово“ каде глуми, но слободно можете да се насмеете гледајќи ги неговите видеа на Јутјуб каналот „Ајде да зажмуримо“.

– „Ајде да зажмуримо“ е нешто ново, стендап правам една година веќе и се бавам со имитации, односно стендап заснован на имитации, но не во класичен стил, туку и малку театарски.

Неговите видеа на социјалните мрежи се инспирирани од дневнополитичките настани во земјава, која, како што вели тој, постојано нуди нов материјал за комедија.

– Ихх, ако овде немаме материјал, па незнам каде има повеќе. Морам прво да направам некоја подготовка, сценарио, некој текст, тука најмногу се подготвувам. Инаку што се однесува до начинот на кој што зборуваат, гласот, менувањето на мимики и слично, тоа е многу кратко, не треба некоја особена подготовка. Најбитен е текстот и сценариото. Ги бирам личностите кои повеќе ми одговараат, по слух проценувам кој најмногу ќе ми прилега за имитирање, но и го гледам сценариото кој најмногу би се вклопил во текстот и настаните – објаснува Жарко.

Видеата му се во траење од 10 до 15 минути, а за секое има посебна тема која ја обработува.

– Еве за видеото со избор на фудбалски коментатори, повод ми беше пензионирањето на Златко Калински, нашиот најдобар коментатор. И поставив прашање кој сега би го заменил него? Ако го земеме како личност, на пример, Ѓорѓе Иванов, Стево Пендаровски, Васко Ефтов, Милчин, Кили или било кој, веднаш би произлегла комичноста во видеото. За Нова Година снимив видео за забавата во локалот Норд, организирана од Никола Груевски, каде беа поканети разни профили на гости – се смее Жарко.

Жарко веќе го препознаваат и поздравуваат по имитацијата на познатите личности, но сите личности кои ги имитира се со различна професија.

– Како ги одбирам е најчестото прашање кое ми го поставуваат. Ги разгледувам можните ликови кои одговараат на текстот во сценариото. Се погодило да ги имитирам Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Никола Груевски, Зоран Заев, Кирил Поп Христов, Васко Ефтов, Александар Вучиќ, Мистер Бин…Уште кога бев на факултет почнав да го имитирам Груевски и сега со него сум на Ти. Среќа до сега никој не ми се има налутено за некоја шега или имитација- раскажува Жарко.

Вели – не би се шегувал со себе, зашто не знае дали ќе успее да излезе на крај сам со себе.

– Ме засмејуваат природните ситуации, спонтани и нережирани, тие се најдобри. како оние гафови на телевизија, таму луѓето се природни ништо не е наместено.

Двајцата виновници за изработката на видеата се Мартин Славољубовски (камера, тон и монтажа) и Елена Клековска (анимација).

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....