7.8 C
Скопје
23:11 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Започнуваат врнежи претежно од снег

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а попладне и навечер со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени. Потоа во текот на утрешниот ден врнежите од снег ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Соред Попоски, само на некои од ниските места повремено ќе има врнежи од дожд и од снег. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Локални врнежи претежно од снег ќе има и во среда, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели, додека од четврток па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво. Наутро температурите повторно ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во крајните југоисточни предели.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....