16:28 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури до минус 10, значително под просекот за овој период од годината, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски, следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и во текот на следните денови минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот само од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....