13:46 - 13 ноември, 2026

Одлуката е конечна: Кралицата ЕЛИЗАБЕТА Втора ЈА НАПУШТИ Бакингемската палата

Иако во Бакингемската палата нема поминато ниту една ноќ од март 2020 година, кралицата Елизабета Втора одлучи за своја службена резиденција, во која ќе живее и ќе ги извршува своите должности, да го прогласи дворецот Виндзор.

Британската 95-годишна кралица има намера отсега поголемиот дел од работните обврски да ги извршува „од дома“, а службените посети ќе ги прима во дворецот Виндзор. Поради лошото здравје кралицата ќе ги откаже и повеќето службени патувања, кои отсега ќе ги вршат нејзините наследници.

Од почетокот на пандемијата кралицата претежно живееше во дворецот Виндзор, каде што заедно со принцот Филип ги поминаа последните моменти од неговиот живот, сѐ до неговата смрт во април минатата година.

Не е познато дали врз нејзината одлука влијаело и тоа што поголемиот дел од Бакингемската палата се реновира, а реновирањето би требало да заврши во 2027 година. Следни што ќе живеат таму се принцот Чарлс и Камила штом ќе станат британски крал и кралица.

„Виндзор е нејзино омилено место. Таму има најубави спомени со принцот Филип, таму се нејзините пони коњи, а и семејството живее во близина. Затоа ја донесе таа одлука“, изјави кралскиот новинар Хуго Викерс.

Во близина на дворецот Виндзор, во Роу Лоџ живее нејзиниот син Ендрју, војводата од Јорк, а најмладиот принц Едвард со сопругата Софи Весекс и децата живеат во Багшот Парк.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....