13:23 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Подолги сончеви периоди, па повторно нагла промена на времето, проверете кога!

– Како што најавивме, и утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно и суво. Односно сончево со мала до умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината утре времето ќе се задржи претежно стабилно и суво со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски од петок попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските, и снег на повисоките места и на планините. Повремено врнежи само од снег ќе има и на некои пониски места. Поинтензивни врнежи ќе има во сабота особено во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека пад на истите се очекува за време на викендот, кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 6 степени. Минималните температури пак и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат во следниот период ќе бидат под повеќе годишниот просек, односно ќе биде постудено од вообичаеното.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....