7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нова снежна покривка, еве кога!

– Како што претходно кажавме, до вторник времето во Македонија ќе биоде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина одо околу па и под 1000 метри – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, од утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец а температурите ќе се движат во интервалот од 2 до 9 степени. Стабилизирање на времето ќе имаме од среда па натаму кога и температурите ќе бидат уште пониски, и тоа поради онатамошен продор на студената воздушна маса од север.
И во Скопскиот регион времето во следните денови ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, додека на околните планини, но и во повисоките предели од котлината ќе има услови за проврнување на дожд и на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 6 степени. Од среда па натаму ќе има стабилизирање на времето и уште пониски температури.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....