20:46 - 13 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ни доаѓа сончево време, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Особено во планинските предели локално ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.
Потоа утре и понатаму ќе се задржи многу студено и претежно сончево време. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, наутро температурите ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени. Пораст на температурите се очекува од среда па натаму, кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, а времето и понатаму ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.
Се вчитува....