7.8 C
Скопје
10:30 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Многу снег, засилен ветар, а пријатни температури

– Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно и суво, додека во текот на утрешната ноќ од запад ќе започнат врнежи претежно од СНЕГ. Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат претежно од снег, само на некои пониски места ќе има врнежи од дожд и од снег – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголеми. Ќе започне да дува засилен северен ветер. Престанок на врнежите пак се очекува од среда. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени, додека пад на истите се очекува од вторник и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

И во Скопскиот регион утре ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека во вторник ќе има нови врнежи од дожд и од снег. Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 7 степени.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....