13:22 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве кога доаѓа затоплување на времето!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени локални врнежи од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните предели, а ќе и дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени послаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи промелниво облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Доста ниски ќе останат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....