11.8 C
Скопје
16:21 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали утре ќе се радуваме на сонцето?

– И во следните денови, како што најавивме времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи осд дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во следните неколку денови ќе бидат под просекот за почетокот на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека пораст на истите се очекува од средината на неделата, кога ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Напомена: За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со ретки грмежи, како и со засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 22 степени.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....