17.8 C
Скопје
13:42 - 11 март, 2026

Славчо Попоски: Пад на температурите, еве кога времето конечно ќе се стабилизира

– За време на викендот како што и најавивме, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде особено нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Во почетокот од следната недела ќе имаме постабилно и посончево време, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека уште малку пониски температури ќе имаме во недела, и тогаш масималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. И во Скопскиот регион за време на овој викенд времето ќе биде особено нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има условиза појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, во почетокот од следната недела пак времето ќе биде постабилно и посончево, иако во попладневните часови има мали услови за појава на ретка нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 33 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

Слични објави

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin
Се вчитува....