9.8 C
Скопје
14:44 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег насекаде, освен во овој дел од Македонија!

– Денес и утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Особено утре и тоа во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Во Скопје и околината денес и утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, додека максималната температура ќе се искачува до околу 4 степени, вели Славчо Попоски.

Според метео прогнозерот, под влијание на влажен и студен воздушен бран, во текот на утрешната ноќта, како и во петок ќе има врнежи од снег. Поинтензнивни врнежи ќе има во западните предели каде снежна покривка ќе се формира насекаде, а истата на планините ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и на останатите места, освен во Повардарието и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец.

– Потоа услови за слаби локални врнежи од снег ќе има и за време на викендот. Наутро и тоа особено за време на викендот ќе биде ОСОБЕНО СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до само 2 степени, освен на крајниот југоисток каде истите се очекува да се искачат до околу 5 степени. Многу студеното време барем одсега гледано ќе се задржи и во текот на следната седмица – заклучува Попоски.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....