06:59 - 13 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег и во Скопје, пораст на температурите се очекува од…

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО на повеќе места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи ќе има во јужните и во југозападните предели, каде ќе се формира снежна покривка и на пониските места, додека на повисоките и планинските места истата ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за слаби врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски  утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре ќе дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Нов влажен бран од запад кој ќе донесе нови врнежи од дожд и од снег се очекува во петок попладне и навечер, како и за време на викендот. Што се однесува до температурите, минималните ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.

Мал пораст на максималните температури се очекува особено од четврток и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....