16:54 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува пролет среде зима: Температури до 20 степени! Еве кога

– Под влијание на висок воздушен притисок, до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и претежно сончево. Ќе биде сè потопло со сè повисоки минимални и максимални температури на воздухот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од минус 3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Уште повисоки температури преку ден, значително над просекот за овој приод од годината, се очекуваат во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 19 степени. Истите ќе бидат пролетни и ќе условат забрзано топење на снежната покривка на планините и на скијачките центри.

Во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу минус 3 и 1 степен, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 16 степени, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....