20.8 C
Скопје
02:14 - 12 септември, 2026

Внукот на прочуениот поет тврди: Пабло Неруда е отруен!

Семејството на чиленаскиот поет Пабло Неруда тврди дека тој е отруен со смртоносна бакетрија која е вбризгана во неговото тело. Се очекуваат официјалните резултати од анализата што ќе ја потврди хипотезата за труење. Пабло Неруда почина 12 дена по државниот удар на генералот Пиноче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pablo Neruda (@neruda_pablo)

Пабло Неруда, чилеанскиот поет на љубовта, почина 12 дена по државниот удар кој го донесе генералот Августо Пиноче на власт во Чиле. Семејството на поетот никогаш не мислеше дека неговата смрт е случајност, а сега анализите спроведени од меѓународна група експерти за посмртните останки на поетот го потврдија присуство на отров што ја предизвикал неговата смрт на 23 септември 1973 година. Над смртта на Неруда сега е фрлена друга светлина – станува збор за убиство.

Внукот на Неруда, Родолфо Рејес, објасни: „Сега знаеме дека бактеријата клостидиум ботулинум не требаше да биде присутна во коските на Неруда и дека тој беше убиен во 1973 година од агенти на чилеанската држава“.

Рејес пнатаму објаснува дека оваа бактерија се користела како отров, односно како „биолошко оружје“.

– Можам тоа да го кажам зашто ги знам резулатите. Ова го велам како адвокат и како внук со полна одговорност“ – рече Рејес во разговор за „Ел Паис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pablo Neruda (@neruda_pablo)

Тој додаде дека на почетокот не се знаело дали бактеријата е едногена или егзогена, односно дали е интерна или екстерна.

– А сега е докажано дека е ендогена и дека е вбризгана во телото на Неруда – додава тој.
Бактеријата била идентификувана во 2017 година од група експерти, откако телото било ексхумирано во 2013 година, според известувањето на шпански „Ел Паис“. Експертите всушност беа оние што ја поставија хипотезата за труењето. Официјалната верзија за смртта на Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басоалто (како што е вистинското име на Неруда), зборуваше за смртпредизвикана од рак на простата.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.

Од 50 евра до десетици илјади евра — кој што носеше на гламурозниот роденден на Ника и Атина Тошиќ

E.A.

Триесет години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун

Еспресо
Се вчитува....