36.8 C
Скопје
14:59 - 11 септември, 2026

Бојана Скендеровки во жесток напад на министерката за култура: „Дрско ги пониживте сите автори“

Популарната македонска пејачка и водителка Бојана Скендеровски, која инаку беше победничка на фетсивалот Макфест во 2015 година, денес со прилично остар јазик застана во одбрана на Фестивалот, а се обрати на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, поради незадоволство од резултатите од конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес.

Токму фестивалот Макфест, годинава доби многу скромни финансиски средства, односно само околу 6 ипол илјади евра кои секако се далеку од доволни за билокаква организација на еден фестивал, а камоли на фестивал од рамките на Макфест.

„Министерке…Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест” е основоположник на македонската поп музика,дека ”Макфест” бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди,кои денес полнат концертни сали,и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив). Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама,дека “Макфест” произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?! Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека “Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?! Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?! Дали сте чуле за традиција? – прашува Бојана и продолжува.

„Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време,и завршува со Вас, дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори ,изведувачи, и цела една фела,која со години вложува во македонската поп култура,која е идентификација и посебност на македонскиот народ….Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи, Вие треба први да ги чувате и помагате! Мене ми е срам од Вашиве постапки, за Вас лично не знам!“, заклучи Бојана.
Ставот на Бојана беше поддржан од фотографија на која е претставена министерката со натпис – министерство за некултура.
Следбениците на Бојана на социјалната мрежа Фејсбук и дадоа поддршка, а застанаа во критика на министерката за култура.

Слични објави

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо
Се вчитува....