5.8 C
Скопје
03:30 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд, проверете кога конечно ќе нè огрее сонце

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и со засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа во текот на утрешнит ден, и тоа особено попладнето и вечерта ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Потоа од вторник па натаму Атмосферата ќе биде постабилна а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на ПОРАСТ, и максималните дневни температури и тоа особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат до околу 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....