14:39 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ново заладување и врнежи, еве кога!

– Како што најавивме до петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со понатамошен пораст на температурите. Најтопло ќе биде во петок и во сабота кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, постепено зголемување на облачноста исто така се очекува во сабота кога ќе има појава на локални врнежи од дожд, додека ново заладување на времето и нешто повеќе врнежи се очекуваат од недела кога ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

И во Скопскиот регион до петок времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 22 степени. Зголемување на облачноста се очекува во сабота, додека од недела ќе започнат да растат условите за нови повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на пад а сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....