24.8 C
Скопје
17:04 - 30 септември, 2026

(ФОТО) ЛИЗА, СОЊА и СЕРГЕЈ од УКРАИНА сместување најдоа во Македонија: Физички се тука, со мислите – во Украина

Пребегани преку безбедносен коридор Лиза, Соња и Сергеј ја одбрале Македонија како безбедно место во кое сакаат да се засолнат поради војната во нивната земја, Украина. Навреме се спакувале и тргнале на пат.

фото – приватна архива

Бегалците од Украина го носат со себе не само стравот што го доживеале при војната, туку и болката што ја доживеале на границата, на разделбата од татковината, оставајќи зад себе сè што граделе со години. Голем број семејства со деца целиот живот го спакувале во еден куфер со најосновни работи и пребегале во друга држава. Пребегани преку безбедносен коридор Лиза, Соња и Сергеј од Украина дошле во Македонија. Иако млади, тие сведочат за тешките моменти кои ги живее украинскиот народ.

– Постојано на вести се зборуваше дека војската се концентрира на границите на Украина. Утрото на 24. февруари почнаа нападите, јас не се разбудив, но мојата мајка го слушнала нападот. Набрзина ги собрав работите и заминавме кај Сергеј за да се сокриеме во неговиот подрум – ја започна животната приказна Лиза.

Лиза, Соња и Сергеј ја одбрале Македонија како безбедно место во кое сакаат да се засолнат. Патувале мирно но, како што велат, навреме се спакувале и тргнале на пат.

– Четврток утрото, мајка ми мѝ кажа дека почнала војна, ги собравме нашите работи, купивме сè што ни треба и избегавме во нашата летна куќа. Не можев да излезам од мојот град, но, за среќа, успеав да излезам. Ми се јави Сергеј и ме праша дали сакам да одам некаде каде што е побезбедно и така решивме да дојдеме во Македонија – раскажува Соња.

– Почнаа да ми звонат моите пријатели од Америка чии родители беа во Украина бидејќи не знаеа што се случува. Ме прашуваа „Сергеј што се случува?“, а јас им одговорив дека летаат ракети, нападот почна – објаснува Сергеј.

Големи се стравот и болката при разделбата од татковината, од семејството, неизвесноста што ќе се случува со нив и нивните блиски, тука или таму. Физички присутни се тука, но со мислите километри подалеку.

– Мене ме боли за својата земја, за Украина, многу е тешко кога нема да знаеш што се случува со роднините и ќе изгубиш контакт со нив. Но сите се трудиме да го одржиме духот, надежта и борбеноста -вели Лиза.

– Моето семејство се наоѓа во западниот дел на Украина, за среќа на безбедно место, но јас многу се грижам за нив – раскажува Соња.

– Не престанувам да мислам што се случува со мојата земја, многу ме загрижува судбината на мојот град Киев. Се надевам дека сè ќе биде сочувано, архитектурата, спомениците, за еден ден да можам пак да се вратам таму – вели Сергеј.

Само неколку дена се сместени тука, а досега имале можност да се запознаат со нашиот главен град. Инфраструктурно различен од Киев, но според културата и традицијата блиски до украинскиот народ. Лиза, Соња и Сергеј се чувствуваат удобно кај нас, но посакуваат наскоро да се вратат во своето родно место.

„Ме боли за својата земја, за Украина, многу е тешко кога нема да знаеш што се случува со роднините и ќе изгубиш контакт со нив. Но сите се трудиме да го одржиме духот, надежта и борбеноста“. Фото – приватна архива
Фото – приватна архива

 

Слични објави

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо
Се вчитува....