15:05 - 10 ноември, 2026

ШОН ПЕН: „Би останал подолго во Украина само со пушка во рака!“

„Размислував да се борам против Русија“: ова се зборовите на Шон Пен, размислувања родени во интервјуто за новиот магазин Hollywood Authentic: „Мојата намера е да се вратам во Украина. Но, јас не сум идиот, не сум сигурен што можам да понудам“.

инстаграм

Оскаровецот режисер и актер објасни дека „единствената причина поради која би останал подолго во Украина би била со пушка во рака“. Објаснува и дека како странски државјанин, повеќе би префрирал доколку има воена и одбранбена опрема да ја остави на некој цивилкој ја нема, „на некој повешт од мене или на млад човек кој би можел подолго да се бори“.
Пен понатаму се прашува: „Во кој век сме? Бев на бензинската пумпа Брентвуд пред некој ден и сега мислам да одам да се борам со Русија? Што по ѓаволите се случува?”.

Актерот зборуваше и за неговата средба со Зеленски: „Ми падна во очи тоа што гледав во едно момче кое знаеше дека треба да достигне највисоко ниво на човечка храброст и лидерство. Мислам дека откри дека е роден да го прави тоа“.

„Во кој век сме? Бев на бензинската пумпа Брентвуд пред некој ден и сега мислам да одам да се борам со Русија? Што по ѓаволите се случува?”.

Неодамна Пен исто така рече дека ќе биде доволен само еден милијардер кој би можел да стави крај на оваа војна. На Твитер тој упати многу специфичен апел: „кој има пари нека излезе. Се разбира, тоа не би било потфат без посветеност, меѓу вооружување и обука, „но вреди да се размислува за тоа“, напиша тој.

И отиде уште подалеку, правејќи некои буџетски пресметки за да започне операцијата: две ескадрили Ф-15 или Ф-16 погодни за украински пилоти со само тринеделна обука „би го чинеле приватниот купувач околу 300 милиони долари“. На нив, Пен предложи, да се додадат уште 200 милиони за ракетна одбрана, а тоа е вкупна инвестиција од 500 милиони долари.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....