10.8 C
Скопје
18:58 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни врнежи од снег, еве кога ќе се радуваме на снежната покривка!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денов и навечер во североисточните и во источните предели ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локални слаби врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денов и во вечерните часови ќе има малку поивеќе облачност и ќе има услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабилно и суво, додека под влијание на нов влажен и студен воздушен бран во текот на утрешната ноќ, како и во вторник ќе има врнежи претежно од СНЕГ, само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголеми. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето и престанок на врнежите се очекува од среда. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени, додека пад на истите ќе има во вторник и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени

Слични објави

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо
Се вчитува....