7.8 C
Скопје
22:32 - 29 март, 2026

Славчо Попоски најавува 40 степени, доаѓа многу топол бран од Африка

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за ретка појава на град. Поголеми услови за нестабилност ќе има во сабота, како и во почетокот од следната недела. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели, и тоа особено во недела температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. И во Скопскиот регион понатаму времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 37 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....