Актерот Бред Пит (56) е глобално славен и за него имаат слушнато дури и оние кои не гледаат филмови, но и покрај тоа на ручекот кој во понеделникот беше приреден за номинирајните за Оскар, носел ознака со името. На ознаката пишувало: Бред Пит, споредна улога, Once Upon a Time… in Hollywood.
Актерот, кој е номиниран за улогата во филмот на Тарантино (56), најверојано ја носел таа ознака за секој случај некој да не не го препознае, се пошегувале британските медиуми.
На ручекот за номинираните за Оскар, кој се одржува секоја година пред свеченото доделување на наградите во Лос Анџелес, биле и други ѕвезди помеѓу кои Синтија Ериво, Лаура Дерн, Грета Гервиг, Даен Ворен, Леонардо Ди Каприо, Рене Зелвегер и Роберт Де Ниро.