04:21 - 28 ноември, 2026

Синот на Тина Тарнер уапсен поради поседување дрога: Се обидел да ја изеде пред да го фати полицијата

Полицијата во Алвин, Тексас, го уапсила 64-годишникот откако пронашла 1.7 грама крек-кокаин и 0.7 грама метамфетамин, дознава „Пипл“.

АјК Тарнер Џуниор, син на покојните музичари Ајк и Тина Тарнер, бил уапсен минатиот месец во Тексас под сомнение дека поседувал крек и се обидел да скрие докази, објави магазинот „Пипл“ во средата.

Ајк Тарнер Џуниор, кој исто така е музичар, е осуден на 18 дена затвор.

Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст на 24 мај. Тарнер возел бел „форд фјужн“ од 2013 година кога полицијата го сопрела поради помал сообраќаен прекршок.

Како што пренесува „Пипл“, полицајците ја заплениле дрогата откако виделе дека Тарнер се обидува да ја проголта, но тие успеале да му ја одземат.

Тарнер моментално се наоѓа во затворот во округот Бразорија, одредена му е кауција од 70.000 долари.

Ајк и Тина Тарнер имаа четири деца. Тина го имаше синот Крег со саксофонистот Рејмонд Хил пред да се омажи за Ајк. Таа имаше уште тројца синови – Рони (57), кој е единственото нејзино дете од бракот со Ајк и неговите деца од првиот брак – Ајк Џуниор и Мајкл.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....